РКЕ: Бидете среќни што струјата не поскапе повеќе

Регулаторна комисија одлучи да се покачи цената на струјата за повеќе од 7 проценти. Ова покачување се однесува на домаќинствата односно обичните граѓани а не и за големите компании.

За поскапувањето на струјата, претседателот на Регулаторната комисија го истакна следното:

Одлуката за зголемување на цената на струјата е донесена врз основа на детални анализи и дополнителни податоци добиени од енергетските компании.

Според него, граѓаните треба да имаат разбирање за ова поскапување бидејќи барањата на енергетските компании детално биле анализирани и побарани биле дополнителни податоци, бидејќи доколку ги прифателе нивните барања, тогаш цената ќе се зголемела за 25 проценти.

Неколку стотици граѓани излегоа да го искажат својот револт од последната одлука на РКЕ да ја покачи цената на електричната енергија за 7,4 %. Организаторите велат дека нема да запрат. Најавуваат дека следната недела ќе се одржи протестен марш со блокирање на дел од главните сообраќајници низ градовите.