РК Вардар со три награди во изборот на најуспешни спортисти на Град Скопје

Капитенот на македонскиот и европски шампион Вардар, Стојанче Стоилов и каратистката Сара Радичевска се прогласен за најуспешни спортисти на Град Скопје за 2019 година. 

На денешната свеченост во Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните во сениорска, младинска, кадетска категорија, најуспешен тренер, екипа, спортист-странец кој игра за скопска екипа и најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби.

Најуспешни пет спортисти во машка сениорска категорија:

1. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар,
2. Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар
3. Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб Лирија
4. Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб Вардар
5. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол.

Најуспешни пет спортистки во женска сениорска категорија:

1. Сара Радичевска – Карате клуб Макпетрол
2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
3. Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта
4. Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
5. Сајра Морина – Карате клуб Кеикс.

Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):

1. Бесир Алили – Боречки клуб Лирија
2. Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол
3. Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел
4. Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
5. Миа Тодорова – Кикбокс клуб Шампион.

Категорија најталентиран млад спортист – кадет

1. Александра Симева – Тениски клуб Тенис Парк.

Најуспешен тренер:

1. Суфијан Исмаили – Боречки клуб Лирија.

Најуспешна спортска екипа од Скопје:

1. АД Ракометен клуб Вардар.

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје:

1. Даинис Криштопанс – АД Ракометен клуб Вардар.

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби:

1. Марио Мицковски – Специјална Олимпијада
2. Стефан Прентовски – Специјална Олимпијада.