РК Вардар организира фан-зона за сите навивачи без билети за дербито

Управата на РК Вардар 1961 ја информира јавноста дека ќе организира дружење со навивачите пред, и за време на натпреварот против Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Суперлигата.

Програмата ќе се одвива пред спортскиот центар „Јане Сандански“ и ќе биде исполнета со музика, жива свирка, пијалоци, храна и многу наградни игри.

Настанот ќе се случи во паркот на езерцата во населбата Аеродром, каде ќе биде поставен и голем видео бим за сите што немаат влезница за натпреварот.