Ритуал кој останал од многу одамна - во Македонија, ако отидеш некаде на гости, никој нема да те испрати дома, ако не испиеш кафе

Македонците многу често бараат повод за дружење со најблиските, пријателите и роднините. Денот на еден просечен Македонец не му започнува без шолја кафе. За некои навика, а за некои потреба.

Една од најчестите фрази кои ги користат Македонците е „ајде на кафе”. Оваа фраза означува повик на дружење и начин со некоја блиска личност да поминете дел од своето слободно време.

Од неодмна се спроведе истражуавње кое вели дека дур 50 отсто од испитаниците велат дека дневно пијат по неколку кафиња, и дека уживаат во тоа.

Истражувањето покажало дека ритуалот на пиење кафе Македонците го поистоветуваат со дружењето, блискоста и уживањето. Топлите шолји се наоѓаат на масите во дневните соби, канцелариите или пак во кафулињата, и тоа не само поради уживање во вкусот на кафето, туку и за дружење и заради амбиентот.

Во Македонија, ако отидеш некаде на гости, никој нема да те испрати дома, ако не испиеш кафе. Еден ритуал кој останал од многу одамна, а кој не се искоренува.

 

Сите денешни вести прочитајте ги тука.