Борко Ристовски, министерот за спорт во „Дејли Клик“ на ТВ21 одговори на прашањето зошто се одлучил да влезе во политиката, наместо да продолжи како тренер, скаут, спортски директор.
„Одлучив да направам промена. Се одлучив наместо да седам пред компјутер и да коментирам, што го правев порано, директно да се вклучам во политиката. Товарот кој што го носам како министер е голем, затоа што сето она кое сум го критикувал во минатото, сега треба да се исправи. Јас си го рушам мојот комодитет за да пробам да направам промени, и јас сум сигурен дека ќе се видат промените во спортот. Јас немам друг избор освен да успеам во тоа“, рече Ристовски.