Ристески: Мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“ дава резултати

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески на Фејсбук информираше дека заедно со претставници на УНДП биле во посета на бизниси во Радовиш и Гевгелија кои се помогнати со со мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“.

„ За време на посетата во Радовиш, ги посетивме козметичкото студио ТАНС во Радовиш, како и продавницата за телефонска галантерија „Моби шоп Серџо. Во Гевгелија најпрво го посетивме Центарот за рециклирање – Компанијата Прогрес Груп Компани која е корисник на „зелената мерка“ со поддршка за зелена инвестиција и отворање нови работни места, како и пчеларската фарма „Алчинов“ кој го основа својот бизнис преку програмата „Самовработување“- потенцира Ристески.

Министерот додаде дека заедно со Агенцијата за вработување и останатите партнери, преку оперативните програми ќе продолжат со поддршката за отворање на нови бизниси и работни места.