РФМ ќе бира нов претседател на 1 март

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) информираше дека на први март ќе го одржи редовното Изборно собрание, на кое ќе се бира и нов претседател.

„Врз основа на член 23, а во согласност со член 28, 30, 32, 34 и 35 од Статутот на РФМ, Управниот одбор на ден 23.12.2024 година, донесе Одлука за одржување на Изборно Собрание на Ракометна Федерација на Македонија на ден 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот во просториите на Советот на Град Скопје“, соопштија од РФМ. 

Тој претходно најави дека нема да се кандидира за нов мандат, а тоа значи дека РФМ по долго време ќе добие нов претседател.