РФМ добива нов претседател, по 12 години Живко Мукаетов се повлекува од челната позиција

Македонскиот ракомет денес добива нов претседател. По 12 години Живко Мукаетов не се кандидира за оваа позиција. Тој во своето илагање им се заблагодари на сите соработници, на канцеларијата на федерацијата, генералниот секретар Филип Милошевски, претходно Агенцијата, а сега Министерството за спорт, на нашата легенда Кирил Лазаров.

„Го реализиравме планираното и се справивме со многу предивици. Од вкупно 14 учества на големи натпреварувања, со машките селекции минавме шест Европски и шест Светски првенства. Деветтото место во Катар е најголемиот успех во нашата ера. Потоа го минавме горливиот процес на смена на генерацијата. Издржавме и примивме многу „удари“, но сега имаме перспективна генерација. Петнаесеттото место на Светското првенство годинава е првиот чекор кон иднината. Јавноста тоа го препозна и им даде поддршка на селекцијата составена само од ракометари од домашната Суперлигата. 

Иако иднината изгледа светла, мора посветенот да се работи. Мораме многу да работиме и на полето на жеснкиот ракомет. Имаме добри моменти, но голем е просторот за напредок. Донесовме новини и олеснувања и за клубовите. Ги намаливме, а потоа и целосно ја укинавме котизацијата на клубовите. Формиравме едукативен центар за тренери и им овозможивме на нашите тренери да се едуцираат тука во Македонија и лиценците да им се признати и во странство. Лично посакувам федерацијата да ја преземе личност со идеја и визија. Оставаме функционален систем, без доглови и со голема перспектива. Верувам дека новите структури ќе продолжат по нашиот пат“, рече во дел од своето излагање Мукаетов. 

Од неговото доаѓање на позицијата, машката ракометна репрезентација нема пропуштено ниеден голем настан, со исклучок на олимпсиките игри, а Македонија беше и ко-организар на Европско првенство во женска конкуренција.