Резултатот од работата на Заев е лош, сметаат поголем дел од испитаниците на анкетата на ИПСОС

53% од испитаниците во најновата анкета на агенцијата ИПСОС сметаат дека има лош резултат од досегашната работа на Зоран Заев како премиер на државата, додека 29% сметаат дека резултатот е добар. 

64% се задоволни од борбата на Владата против корупцијата, а 55% се незадоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата.

Анкетата е по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, а се реализирала на терен од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики. 

Инаку, истата анкета покажува дека ВМРО ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9%. Мнозинство од испитаниците смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а високи цени.