Режисерот Мајкл Мур иронично ги повика Американците да ја посетат Македонија

Познатиот американски режисер Мајкл Мур на својот Фејсбук профил ги повика своите сограѓани да да ја посетат земјава во иронична забелешка за лошите политики во САД при справувањето со корона вирусот.

Тој укажа дека поради неспособноста на власта, граѓаните на САД се сметаат за здравствена закана во поголемиот дел од светот и дека поради тоа се во своевиден домашен притвор.

Мур соопшти дека без никакви ограничувања Американците можат да патуваат само во осум земји меѓу кои и Македонија и ги повика никако да не заборават да го посетат Скопје.