
Булеварот „Цветан Димов“ во општина Чаир, синоќа беше блокиран од група револтирани граѓани, незадоволни поради проблем со водоводната мрежа.
Од Општина Чаир информираат дека станува збор за спонтан протест на жители кои реагирале поради проблемот со водоснабдувањето.
Според општинските власти, надлежните екипи навремено интервенирале на терен за да го санираат проблемот.
Од Општината додадоа дека не биле пријавени инциденти и дека ситуацијата била под контрола.