Револтирана скопјанка: Без известување автомобилот од прописно паркираното место ми беше преместен

На Фејсбук профилот Ѕид на сообраќајниот срам , една револтирана скопјанка раскажува како нејзиниот автомобил од прописно паркираното место бил преместена без никакво известување.

Ви ја пренесуваме објавата во целост:

Живеам во близина на Грчкиот конзулат во Центар и со налепница од ПОЦ колата постојано ја паркирам долж улицата Никола Тримпаре и улицата Мирослав Крлежа (кои спаѓаат во најблиската зона согласно мојата налепница). На ден 21.03.2018 (среда) околу пладне, колата ја оставив на местото означено со зелен X и следниот ден заминав на скијање. Се вратив во недела (после 4 дена).

Бидејќи не користам кола до работа (пешачам), вчера и денес претпоставував дека колата си е на местото каде што ја паркирав 6 дена претходно. Ама не била...

Сопругот околу 13 часот вчера (случајно, одејќи накај банка) ја наоѓа мојата кола на улица Владимир Полежански (зад трговски центар Буњаковец), локација означена со црвен X. Префрлена била од Паркинзи Центар (ПОЦ), по наредба на полиција, поради расчистување на улицата во време кога пристигнувал извесен грчки политичар уште на 23.03.2018 (петок).

Се е тоа во ред, можеби пречела колата (иако беше паркирана на исцртано место), ама изведено е БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ.!!!!
По бројот на налепница и бројот на регистрација, надлежните можеле да го најдат мојот телефонски број или адреса на живеење и да ме контактираат и да ми посочат каде ќе биде дислоцирана колата.

Се јавив на 192, но госпоѓата во централата не знаела како да ми помогне, а дечкото од ПОЦ бил на одмор и не бил во тек што се работело претходните денови.

Во нормална држава ќе можев да ве тужам поради претрпен стрес, ама во оваа Недојдија можам само да си ги носам грчевите кои секојдневно ми се таложат поради вашето паразитско владеење.