Револтирана мајка на Фесјбук опишува како и преседнал денот по настанот што се случил во училиштето на нејзинот син. Имено поради неговиот роденден купиле кутија со крем банани се со цел детето да си ги почасти другарчињата. Ама по 10 минути и се јавил за да и каже дека на неколку деца им се слошило поради тоа што тие биле мувлосани.
„Син ми утре има роденден..Купивме кутија крем банани да ја однесе во училиште за да почасти. Денес ми се јави да ми каже дека после 10 тина минути на неколку деца им се слошило и дека повратиле. Другите ги фрлиле во канта..
Крем бананите имале вкус на мувла…
Чувството во моментот ми е …не сакате да знаете..
Моја е вината што не отворив да проверам нешто што има рок на траење дали е за конзумирање. Донесе неколку дома, и да имаат вкус на мувла. Ова дефинитивно не е држава. Баш ни го разубавивте денот“, напиша таа на својот профил на Фејсбук.