Револтиран скопјанец му остави 20 денари и порака на возач кој несоодветно паркирал

Револтиран скопјанец му остави порака, но и пари на возач паркиран во Скопје, очигледно на погрешно место. 

„Еве ти 20 денари за паркинг“ гласеше пораката до оставените пари. 

Несомнено, проблемот со несовесни возачи кои „паркираат на некоја минута“ и блокираат се причина за нервоза кај голем број скопјани кои веќе не знаат како да постапат во вакви ситуации.