Револтиран граѓанин реагира за купиштата ѓубре во Хром: „Кметице на народ што те избрал, со своето (не)работење му предизвикуваш екоцид“

Пред неколку дена Скопје Инфо објави за девастираната состојба на една од автобуските постојки во Хром, каде што можеше да се забележи расфрланото ѓубриште околу неа, на што граѓаните реагираа револтирано.

Денес еден граѓанин објави повторно за состојбата со ѓубриштето во Хром. Тој сподели фотографија на која се гледаат преполни несобрани контејнери и упати порака до градоначалничката на Град Скопје.

„Кметице, на сред лето, на температури од 45 степена да заебаваш народ што те избрал на избори а ти со своето (не)работење му предизвикуваш екоцид и му го загрозуваш здравјето е кривично дело!!! По втор пат последователно твоето камионче не поминува во Хром да го собира сметот, услуга за која на граѓаните редовни им испорачуваш сметка а тие ти ја плаќаат, се обрати граѓанинот, во натписот над фотографијата.

Тој исто така во објавата се обрати и до министерството за животна средина и праша за нивните надлежности.

„И на крајот, имаме ли ние Министерство за животна средина и механизми за да покрене кривични пријави против оние кои со вакви дејаниа им го загрозуваат здравјето на граѓаните а е казниво и според Устав, гласеше прашањето во објавата.