Револт кај родителите: Кој ќе одговора за зголемениот број на заразени деца во градинките?

Зголемениот број на заразени дечиња и вработени воспитувачи во детски градинки не ги предомисли надлежните да стават клуч на детските градинки.

Имено, од почетокот на отворање на детските градинки до сега се заразени 26 деца и 83 вработени во градинките, а во моментот дури 482 дечиња и 77 возрасни се наоѓаат во изолација.

И покрај тоа што родителите се загрижени за своите деца и реагираат дека состојбата во детските градинки станува алармантна, ресорната министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска убедува дека се е под контрола.

-Генерално сега за сега состојбата со децата во градинките е добра и ние правиме увид и проценки како понатаму ќе се однесуваме.“ вели Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Но, информациите го говорат спротивното, а револтот на родителите е оправдан.

Еден загрижен родител вели дека е приморана своето дете да го носи во градинка бидејќи таа и сопругот се на работа, но и дека е исплашена за здравјето на своето дете бидејќи како што вели бројот на ново инфицирани и починати лица секојдневно расте. Според нејзе одговорност мора да понесе министерката Шахпаска и покрај нејзините оправдувања дека се е под контрола, таа вели дека требало најпрво да се спроведе целосен скрининг бидејќи сепак се работи за најмладата категорија на граѓани, децата од детските градинки.

-Загрижени сме. Јас и сопругот сме на работа, а детево нема кој да ни го чува, и приморани сме да го носиме во градинка. Не знаеме што да правиме, немаме друг избор. Од една страна се зголемува бројот на заразени и починати од друга страна министерката Шахпаска изјавува дека се е под контрола. Мора така да зборува, зошто не спроведе скрининг на вработените во детските градинки и сега мора да понесе одговорност, а знаеме дека никој нема да прифати одговорност, најмалку кога станува збор за загрозување на здравјето на најмалите, децата во детските градинки, вели мајката Маја П.

Според статистиката бројот на ново заразени и починати од Ковид секојдневно расте, а надлежните се уште немаат конкретни мерки за борба за спречување на корона вирусот.
Имено, според информациите капацитетите на градинките не се исполнети затоа што во согласност со протоколите ширум државата има вкупно 20.718 места, а само 10.700 деца посетуваат градинка, или во просек секое второ запишано дете не оди во градинка.