Ревија на олдтајмери во Гази Баба (ФОТО)

На плоштадот во Автокоманда, во организација на општина Гази Баба и АКК Примо авј, се одржа третата ревија на олдтајмери.

На ревијата, соопшти општина Гази Баба, учествуваа 45 сопственици со своите возила, претставници од Македонија, Србија и Косово.

Настанот го отвори градоначалникот Тони Трајковски, кој ги разгледа сите изложени возила, кои потоа возеа од општина Гази Баба до Триумфалната порта во центарот на градот.

По завршувањето на ревијалното возење сите учесници добија соодветни награди.