Ревија на етнолошки документарни филмови во Музејот на Македонија

Ревија на етнолошки документарни филмови ќе се одржи утре, 3 октомври, во Музејот на Македонија. Овој настан традиционално се организира во рамките на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“.

Годинава на ревијата ќе бидат прикажани два европски филмови и еден африкански филм: „Оние кои останаа“ во режија на  Аријана Наци, Италија / Велика Британија, „Три дена слобода: Женска прослава на Ашенда во Мекел Тиграј, Северна Етиопија“ во режија на Тера Мијаланд и Теводрос Хајдемикаел, Етиопија и „Необични луѓе“ во режија на Орхан Текоглу, Турција.

Особено впечатлив е филмот насловен „Три дена слобода: Женска прослава на Ашенда во Мекел Тиграј, Северна Етиопија“, во кој се документирани напорите за сочувување на дел од нематеријалното наследство на оваа земја. Ашенда е обред на премин на жените од Етиопија и Еритреја, кој е во процес на постепено исчезнување. Овој документарен филм ја раскажува приказната за еден специфичен обид за заживување на овој обред во главниот град на Тиграј, Мекел. Групи од девојчиња и млади жени доаѓаат од сите делови на регионот за ја слават својата слобода цели три дена.