Ретроградниот Сатурн носи добри вести за нашиот љубовен живот : Што ги очекува хороскопските знаци?

Прв пат по 26 години, Сатурн повторно влегува во Водолија, а неговото ретоградно движење ќе трае до 29 септември. Иако немаме најдобро искуство кога планетите се движат ретроградно, сепак Сатурн е тука да ни ја врати надежта. Овој период ќе биде одличен за нашиот љубовен живот. Конечно ќе успееме да сфатиме што сакаме.

Ќе сфатиме дека сакаме да почувствуваме љубов на подлабоко ниво, дека сакаме да се врземе, да запловиме на мирно море. Ќе станеме свесни за своите чувства и ќе најдеме одговори за работите за кои долго не можевме да најдеме одговор. 

Време е за будење, откритија и промени, но на подобро.

Еве како ќе влијае на вашиот хороскопски знак.

Овен

Ако во овој период на детоксикација успеавме да направите дигитален детокс, тогаш веројатно успеавте да се поврзете со себе, да сфатите некои клучни работи и едноставно да се одморите и регенерирате. Сега веќе можете да заборавите на избегнувањето на социјалните мрежи, туку да ги конзумирате и користите умерено. 

Драги Овни, време е да се вратите во играта. Дури и да го избегнувате нормалното излегување, време е за слатка комуникација на социјалните мрежи. Дајте и шанса на личноста која долго се труди да ве освои. Кога точно знаете што чувствувате, ништо не може да ви застане на патот!

Бик

Се чувствувате среќно, инспирирано, мотивирано и подготвено за нов почеток. Врските ќе цветаат, а слободните Бикови ќе бидат поактивни во социјализацијата со другите. Сродната душа чека на вас овој период. Биковите ги мразат промените и новите нешта, но овој период нема да ги пропуштат своите шанси за љубов. Тоа е добар став, а имате целосна поддршка од Сатурн. 

Близнаци

Без оглед на тоа дали сте во врска или не, или пак во комплициран однос, време е да направите чекор напред. Потребно ви е некакво официјализирање, да знаете на што се. Но, драги Близнаци, време е да престанете да ги криете своите чувства, но и да сослушате што има да ви каже и покаже другата страна. Имате поддршка од Сатурн да го направите тој чекор, но не користете манипулации, туку бидете директни и искрени. 

Рак

Како и секогаш, Раковите се плашат од чувствата. Имате страв да се препуштите, да откриете што всушност сакате, да се препуштите и поврзете на подлабоко ниво. Ретроградниот Сатурн влијае на вас со огромна сила и елан, за да успеете да ги покажете своите емоции, но без страв. Планетарните аспекти се такви што ви носат зближување и грст слатки моменти. 

Лав

Ова е период кога Лавовите ќе сакаат да ги преиспитаат своите одлуки. Ова не е ништо лошо, напротив. Секако, ќе посакате цврсто да се задржите за оние што ви значат, но некои Лавови ќе ги прекинат врските кои не им носат пеперутки во стомакот. Ќе посакате само да продолжите напред, но да бидете среќни, сами или со друга личност. Во која група и да спаѓате, среќата е на ваша страна.

Девица

Девиците конечно дојдоа до тоа да се стават себеси на прво место – во секоја смисла. Тоа е сјајно! Сепак, им недостасува и оној емоционален однос и поврзаност со друга личност. Направете план, најдете време за себе и запрашајте се што е тоа што го сакате. Обрнете им внимание на оние кои ви покажуваат дека им значите. Ќе бидете среќни и задоволни.

Вага

Вагите се чувствуваат несигурно и мислат дека ништо не им оди како што треба. Да, патот по кој одите е непознат и нестабилен, но тоа не значи дека не можете да го остварите тоа што го сакате. Ако ви е јасно што чувствувате, пронајдете во себе трошка храброст и излезете од својата сигурна зона. Ризикот ќе се исплати. Време е да ја пуштите љубовта во својот живот.

Шкорпија

Не сте расположени за површни односи и тоа важи за сите Шкорпии овој период. Допишувањето и флертувањето ви е интересно, но вам ви е потребно нешто посриозно и подлабоко, нешто што ќе ве поттикне да размислувате. Имате право да го барате тоа што го сакате – разговарајте отворено со личноста која ви е драга и кажете што ви лежи на срце. 

Стрелец

Како и Лавовите, Стрелците исто така размислуваат за својот љубовен живот и што понатаму. Ако се одлучите за искрен и отворен разговор, ризикот ќе се исплати, ќе бидете сфатени и прифатени. Љубовниот живот конечно ќе отиде на едно повисоко ниво, но треба да најдете храброст во себе за да го направите првиот чекор кон тоа.

Јарец

За разлика од другите знаци кои се отвораат кон другите, вам ви е потребно да се отворите кон себеси. Поради целокупната ситуација, некако сте збунети и не знаете како понатаму. Разговарајте со другите, не ги оставајте без зборови. Бидете искрени и направете го она што е најисправно за вас. 

Водолија

Центар на вашиот живот е љубовта. Време е да и го покажете тоа на личноста која ви значи. Но, премногу се грижите за другите, а не за себеси. Време е да си исполните некои желби. Фокусирајте се на себеси. Од љубовта кон себе, почнува сè останато.

Риби

Се чувствувате исплашено и загрижено, но не сте сами. Тоа е причина да се свртите кон себеси и кон своите чувства. Поврзете се со себеси, а другите ќе бидат тука да ви помогнат ако ви се потребни. Кога ќе го средите тој дел со себе, потоа можете да се посветите на другите.