Ретроградниот Меркур во Шкорпија носи големи недоразбирања и предизвици

Веќе сте свесни за ретроградното движење на Меркур. Тој е задолжен за комуникацијата, мислите, транспортот, договорите и прегоговорите, потписите, но и кратките патувања и купувања. Ова е трет ретрограден Меркур оваа година.

Ретроградниот Мерур овој пат е во Шкорпија и ни дава таинственост, острина во комуникацијата, сомничавост, скептичност и многу тешко е да ве убеди во спротивното мислење. 

Најдобро е да ги завршите сите работи до 31 октомври, особено ако нешто потпишувате, тргувате, продавате или ако одите на некаков краток пат. Воглавно, овој ретрограден Меркур може да ви донесе доцненња, лоша среќа, недоразбирања, губење на некои лични работи.

Овен

Кај Овните, ретроградниот Меркур ќе транзитира низ осмото поле така што би требало некои работи добро да ги искомуницирате. Многу Овни ќе имаат силна свест, но и мотивација за почнување нови работи. Сега не е време да управувате со туѓиот имот, ниту пак да подигате кредит. Ако се присутни тешки аспекти, можни се и жестоки кавги. Потрудете се да се контролирате.

Бик

Кај Биковите, тој ќе транзитира низ седмото поле на партнерски односи. Секако дека треба да имате свест за луѓето генерално. Многу Бикови се соочуваат со недоразбирања. Се бара искреност и почит од ваша страна кон вашите блиски. Ако имате позитивни аспекти, тогаш многу работи ќе се случуваат јавно, но негативните аспекти носат кавги.

Близнаци

Тука, ретроградниот Меркур се случува во шестото поле на секојдневни обврски и здравје. Не се препорачува нешто да купувате или да вложувате пари. Некои потешки аспекти можат да предизвикаат грижи и стрес кои ќе влијаат и на вашето здравје. Психата може да биде малку пореметена и да предизвика немир и нервоза.

Рак

Кај родените во овој знак, Меркур настапува во петтото поле на деца, љубов, задоволство и креативност. Многу Ракови ќе бидат преоптоварени со своите деца, а други ќе бидат насочени кон љубовта. Ако имате големи планови, добро е да ги завршите пред 31 октомври или пак 20 ноември. Ако имате повозрасни деца, можни се кавги со нив.

Лав

Кај вас, ретроградниот Меркур се случува во четвртото поле на домот и семејството. Многу Лавови ќе ги интересира семејството, а можат да се случуваат и некои промени врзани за основање на семејство. За некои Лавови можни се кавги во семејството, но и краток пат надвор од државата.

Некои невистини исто така можат да ја видат светлината на денот во овој период. 

Сега не е време да продавате или купувате недвижности. Можна е и посета од ненајавени роднини.  

Девица

Кај вас, сите работи се случуваат во третата куќа во која Меркур е владетел. Се што треба да се прати, да се пратат пораки, мејлови, треба добро да внимавате. Многу Девици ќе треба да преговараат овој период. Можни се грешки, доцнена и поместување рокови. 

Некои Девици ќе имаат немир и слаби нерви поради тоа што долго трпеле некои работи.

Вага

Кај вас, Меркур ќе транзитира ретроградно во вашето второ поле на финансии. Сега е вклучено размислувањето и свеста за вредностите и парите. Многу Ваги ќе посакаат да отворат свој бизнис, а некои пак ќе очекуваат наплата. Нашата препорака е да не влегувате во ништо со туѓи пари. Не брзајте со одлуките бидејќи многу поуспешен период доаѓа до 20 ноември па натаму. Внимавајте на договорите и комуникацијата.

Шкорпија

Меркур ќе транзитира во вашето прво поле. Ќе биде изразено вашето его и силна љубопитност овие денови. Се ставате самите себеси на прво место, но треба да внимавате да не станете себични. Вашата силна интелигенција може да предизвика дизбаланс особено ако се погоди некој аспект да е навистина лош.

Стрелец

Кај вас, овој ретрограден Меркур се случува во вашето дванесетто поле на психата, тајните, духовноста па во таа насока ќе делувате. Многу Стрелци овој период ќе бидат таинствени и ќе се занимаваат со екстрасензорни способности. Во ова поле, Меркур може да открие долго чувана тајна. Одредени Стрелци можно е да имаа проблем со психата.

Јарец

Кај вас, овој ретрограден Меркур се случува во вашето дванаесетто поле кое е задолжено за пријателите, дружења, заедници, клубови, надежи и планови.  Ако планирате да формирате некоја група, можеби е време да го оставите тоа за после 20 ноември. Многу ви се важни пријателите, па затоа потрудете се да ги сочувате во овој период.

Водолија

Кај вас, овој Меркур се случува во вапето десето поле на кариера, еден од родителите и авторитетот. Вие ги насочувате своите мисли на тоа како да ги остварите и да дојдете до позиција и успех. Борбата во мислите се води околу тоа како да го држите своето внимание додека говорите и им го пренесувате своето знаење на другите луѓе. Бидете многу внимателни ако со некого преговарате за работа.

Риби

Кај вас, ретроградниот Меркур се случува во деветото поле задолжено за образование, кариера, религија. Одредени Риби можеби би имале померувања и одложувања кога станува збор за патувања, учење или испити.