Ретрограден Меркур до 19 октомври: Кариерни проблеми за Јарците, предизвици во пријателствата за Биковите

Ретроградниот Меркур не е лесен воопшто, но тој не е секогаш толку лош колку што го претставуваат астролозите. 

Оваа планета е планета на комуникацијата, а кога таа е ретроградна често се случува хаос во комуникацијата и се создава неволја. Тој доаѓа во Вага која е управувана од Венера (планетата на љубовта) па можно е да ни донесе важни прашања во однос на тоа што претставува љубовта за нас. Можно е и да бидеме несигурни особено за нашиот изглед, бидејќи самата Вага е фокусирана на естетиката и убавината. Вагата сака кога сите работи изгледаат убаво, совршено и потеично, па затоа некои од нас ќе бараат убавина на погрешна места за време на овој ретрограден Меркур.

Кога Меркур се движи ретроградно, често се случува и навраќање на љубови од минатото, па затоа треба да бидеме особено внимателни да не ги гледаме ваквите ситуации низ розови очила, односно подобри и поубави одошто се. За време на овој транзит често сериозните разговори се непријатни бидејќи не сме целосно отворени, не комуницираме искрено и често сме погрешно разбрани. Можно е да чувствуваме и како да сме оддалечени од другите и да ни биде потешко да се поврземе дури и со најблиските луѓе во нашиот живот.

Што им носи овој ретрограден Меркур на хороскопските знаци?

Овен

Можно е да бидете збунети околу статусот на вашата врска. Очекувајте ситуации кои ќе донесат конфликт со вашите најблиски и ќе направат да размислувате многу за иднината. Сега е време да ги адресирате конфликтите кои досега не биле решени, но не е време за нагли одлуки. 

Бик

Биковите ќе се чувствуваат дезорганизирано и исцрпено. Овој транзит можно е да донесе проблеми поврзани со вашите дневни навики, како и вашата перспектива во однос на вашето здравје и баланс меѓу телото и умот. Сега е време да размислете за некои одлуки и навики кои се поврзани со вашето здравје и работа. Поставете си јасни приоритети кои ви годат вам. 

Близнаци

Ретроградниот Меркур за Близнаците носи чувство како да им е тешко да се поврзат со луѓето и работите кои вообичаено им носат радост. Најдете нешто ново што ве прави среќни и практикувајте го секојдневно. Овој транзит има за цел да ве научи дека среќата има различни форми и дека често тоа е на места каде што не сте ни размислиле дека постои.

Рак

Раковите ќе се чувствуваат особено емотивно за време на овој транзит. Можно е да дојдат до површина некои работи кои се поврзани со вашиот дом и семеен живот. Подгответе се за мало чувство на непријатност кое има за цел да ви помогне да најдете баланс и да изградите посилни односи со вашите блиски. Транзитот има за цел да ви помогне конечно да адресирате некои работи кои ви создаваат проблеми.

Лав

Лавовите треба да очекуваат непријатни ситуации за време на овој ретрограден Меркур. Внимавајте на пораките и меиловите пред да ги испратите и размислете два пати пред да кажете нешто. Големи се шансите да кажете нешто погрешно во погрешно време. Само комуницирајте со искрено срце и љубезност.

Девица

За време на овој транзит, Девиците ќе стават фокус на нивните финансии. Можно е да се каете за некои одлуки поврзани со финансиите, особено доколку тоа не ви носи ништо добро во сегашноста. Ова е важна лекција дека треба да бидете повнимателни со своите ресурси во иднина.

Вага

Овој ретрограден Меркур ќе ги погоди Вагите на повеќе начини, но еден од нив е поврзан со начинот на кој се гледате себеси. Бидете внимателни околу импулсивните одлуки кои се поврзани со вашиот изглед, ова не е најдобро време за нова боја на коса или интензивна промена на стилот.

Шкорпија

Можно е да се придвижите поблиску до себеси за време на овој ретрограден Меркур. Ќе ви дојде добро ако поминете време сами и направите инстроспекција на своите чувства. Слушајте што имаат да ви кажат умот и телото и потсетете се дека вие постојано се менувате.

Стрелец

За време на овој транзит, Стрелците ќе се поврзат со стари пријатели, но и да остават зад себе некои луѓе кои се токсични за нив. Овој ретрограден Меркур ви носи анализа каде стоите во вашите социјални кругови. Потсетете се кои сте и што ви е потребно за развој и созревање.

Јарец

Можно е да бидете особено дисконектирани од вашата кариера за време на овој транзит,а веројатно ќе се соочите и со проблеми на работното место. Но, борбата е само привремена и ви помага да се фокусирате на целите кои сакате да ги исполните. 

Водолија

Овој ретрограден Меркур ќе ве однесе на чудни патувања. Можно е дури и понекогаш да се чувствувате изгубено. Не постои вистински пат за време на овој транзит, само бидете отворени кон нови перспективи и покажете си дека имате верба во непознатото. 

Риби

Овој ретрограден Меркур ви помага да се насочите на интимноста во вашите односи со другите. Можно е да имате чувство дека споделувате премногу со некого, или пак недоволно. Како и да е, тој ќе ви помогне да ги дискутирате чувствата и да создадете решенија.