Ретрограден Јупитер во Рак од 11 ноември 2025: Што ги очекува хороскопските знаци?

Од денес, 11 ноември, Јупитер започнува ретроградно движење во знакот Рак, отворајќи период на враќање кон корените, семејната историја, личните уверувања и емоционалната сигурност.

Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Ова не е ретроградност што носи хаос, туку ретроградност што бара зрелост: да погледнеме каде сме претерувале, што сме градeле без стабилна основа, каде сме претерале со желбите, а  каде сме заборавиле на грижата на себеси. Ракот секогаш нè враќа дома — не само во физичка смисла, туку и дома во себе, дома во сопствените вредности и она што навистина го прави животот убав,  топол и со смисла. 

Во следните месеци, сите знаци ќе се соочат со потреба да се преиспита растот: дали напредуваме затоа што сакаме или затоа што бевме научени да брзаме; дали го шириме светот од сигурност или од страв дека ќе заостанеме. Ракот ја бара најискрената форма на проширување, онаа што не се гледа на површина, туку внатре во нас. Овој циклус е шанса да се вратиме на нешто недовршено, да ги поправиме емоционалните врски, да ги излечиме старите семејни приказни и да го направиме просторот во себе повторно широк, стабилен и жив.

Овен

Овните ќе бидат принудени да забават со амбициите и да се свртат кон домот, семејството, потеклото или сопствените емоционални темели. Овој ретрограден циклус бара да се преиспита од што трчате и зошто. Ќе разберете дека не секој успех вреди ако во него нема стабилност. Време е да расчистите некое старо разочарување, можеби од родителска фигура или од сопствените очекувања, но и да создадете нова внатрешна сигурност.

Бик

Биковите ќе се свртат кон комуникацијата, разговорите, навиките и начинот на кој реагираат во блиски односи. Можно е да се врати стар разговор, недоразбирање или мисла што некое време ја одбегнувавте. Ова е период кога учите да слушате, но и да се изразувате без прекумерна тежина. Ќе ја зајакнете врската со брат, сестра, пријател или сосед, или ќе препознаете како зборовите градат доверба или ја рушат.

Близнаци

За Близнаците, Јупитер ретрограден отвора прашања за вредноста: пари, работа, самодоверба и сопствени граници. Можно е да се преиспитате каде сте давале премногу, каде сте вложувале во луѓе или идеи што ве исцрпиле, и како да ја обновите вашата финансиска и емоционална сигурност. Време е да ја зацврстите основата на која градите сè друго.

Рак

Кај Раковите, ова е најсилниот циклус: Јупитер се движи ретроградно токму во вашиот знак. Ова е период на длабока саморефлексија, обновување на идентитетот и враќање на делови од себе што долго ги потиснувавте. Ќе ви стане јасно што сакате да бидете и што повеќе не можете да носите. Вашиот раст сега е внатрешен, не надворешен.

Лав

Лавовите ќе се соочат со нешта што ги носат длабоко: стари стравови, тајни, нејасни емоции или потиснати конфликти. Овој ретрограден циклус ви бара храброст — не онаа што се гледа, туку онаа што се чувствува во тишина. Ќе треба да расчистите стар товар за да не го пресликате во наредната година. Вашата сила овој период доаѓа од искреност пред себе.

Девица

Девиците ќе го преиспитаат својот социјален круг, целите, групите и соработките. Овој ретрограден период може да донесе враќање на стара идеја, проект или пријателство што некогаш имало вредност. Ќе разберете каде припаѓате и каде веќе нема простор за вас. Важно е да препознаете што е вистинска заедница и што е само обврска.

Вага

Кај Вагите, фокусот паѓа на кариерата, патот напред и личниот авторитет. Можно е да се вратите на стара професионална дилема или одлука што ја одложувавте. Овој циклус бара да се запрашате: дали успехот што го бркам е навистина мој? Време е да изградите пореално темпо и здрави граници со работните обврски.

Шкорпија

Шкорпиите ќе чувствуваат потреба да го прошират видикот: преку учење, патување, духовност или поголема ментална длабочина. Сепак, ова ширење ќе дојде преку враќање на нешто старо, стара идеја, книга или лична вистина што одамна ја избегнувавте. Овој ретрограден период ве учи да не брзате, туку да градите мудрост.

Стрелец

За Стрелците, темата е интимност, доверба и заеднички ресурси. Можно е да се вратите на разговор за финансии, долг, кредит или емоционална блискост што некогаш била нарушена. Јупитер ретрограден бара да бидете одговорни кон своите врски и рационални во финансиските одлуки. Ова е време за чистење на стари емоционални долгови.

Јарец

Кај Јарците, ова е период на преиспитување на партнерствата — љубовни, деловни или семејни. Нешто што останало недоискажано може повторно да се отвори. Ќе ја анализирате динамиката „јас и ти“ и ќе сфатите што ви е навистина потребно од другите. Партнерствата ќе станат посилни само ако се искрени.

Водолија

Водолиите ќе се фокусираат на здравјето, навиките, работните ритми и секојдневието. Можно е да се вратите на стара несредена рутина или здравствена потреба што сте ја игнорирале. Овој ретрограден циклус ве охрабрува да создадете реален распоред, повеќе одмор и појасни граници со обврските.

Риби

Кај Рибите, Јупитер ретрограден отвора простор за креативност, радост, љубов и лични желби. Можно е враќање на стара љубовна приказна, незавршен креативен проект или потисната потреба за изразување. Овој период ве учи да не се минимизирате и да не бегате од тоа што вистински го посакувате.