Ретрограден Јупитер: Период кој носи поинаква среќа од ретроградниот Меркур

Јупитер го започна своето ретроградно движење на 20 јуни, каде ќе остане до 7 октомври.

Сите планети имаат свое различно значење. Некои од нив – како што се Марс и Сатурн се темни и студени и се нарекуваат малефици. Од друга страна пак, Јупитер е планета на среќата и изобилството и тој ни носи поинаква енергија.

Јупитер има сила да ни помогне да го видиме поголемото значење на работите во нашиот живот и да доживееме возбудливи нешта. Таа е планета која е повеќе поврзана со тоа да уживаме во животот отколку да ги следиме правилата. Ако Јупитер беше личност, тие ќе беа вашиот смешен и забавен пријател кој ќе ви помогне да се опуштите по напорен ден и ќе ве однесе на спонтана авантура. Но, бидејќи работите не се секогаш црно-бели, оваа планета има свои хаотични моменти. 

Јупитер навлезе во Риби на 13 мај, кога почнавме и да се чувствуваме понадежно околу целата ситуација со пандемијата, но и нашите животи. Јупитер ужива во спиритуалните нежни Риби. Но, во неговото ретроградно движење, на 18 јули тој ќе навлезете во Водолија, што значи дека за да си ја повратиме надежта ќе треба да почекаме да заврши неговото ретроградно движење, но и тој повторно да се врати во Риби на 28 декември каде ќе остане во текот на целата 2022 година.

Вообичаено, ретроградните планети ни носат анализа и испитување како го живееме животот и колку сме среќни. Тие нè поттикнуваат да размислиме какви се нашите цели, да ја видиме поголемата слика и да сфатиме што е тоа што ни носи среќа или несреќа во животот, а над што имаме контрола самите.

Кога е ретрограден, Јупитер е ограничен и не толку дарежлив, но ни помага да се насочиме на растот и внатрешните чувства и потреби. Тој не носи премногу возбуда, туку нè охрабрува да исцелиме и да пораснеме. Ова е период кога ќе успееме да го средиме умот од сиот хаос кој ни го донесе пандемијата и да се разбереме себеси, но и другите подобро.

Ова е период кога треба да се фокусираме на своите мисли и навики и да одлучиме како тоа влијае на нашиот живот. Тој ни носи можност да рефлектираме и да ги поставиме работите назад под контрола. Но, за некои луѓе, оваа планета може да донесе ароганција и алчност особено во поглед на исполнување на личните цели, па затоа бидете внимателни. Клучот лежи во тоа да бидеме отворени, да се насочени кон себеси, но и да бидеме внимателни како носиме одлуки.