Ретро/фото: Спомен од минатото, летното кино „Парк“

Нормално е времињата се менуваат, но постојат места и објекти што оставиле неизбришливи траги во срцата на скопјани. И тие толку лесно не се бришат. Така е и со летното кино „Парк“.

Тоа е дел од меморијата, од детството и младоста, првите излегувања во паркот, првите гледања филмови на отворено. Тоа кино имаше неповторлив шарм и убавина, како еден од симболите на Скопје, кое веќе го нема.

При исчезнувањето на таквите култни места не може да не ви затрепери срцето, да не ви се вратат спомените. Летното кино „Парк“ е изградено по војната, во 1950-тите години, и спаѓа во оној комплекс од културни и забавно-рекреативни објекти, кои од паркот направија вистински рај за прошетки, забава.