Ретро видео: Како изгледаа авантурите во некогашниот Луна парк во Скопје

Копнежот и носталгијата за духот на старо Скопје е секогаш присутен меѓу старите скопјани кои градот го сакаат и паметат како роден град, град на своето невино детство, град на својата луда младост...

Посебни емоции будат спомените за забавниот парк - место каде некогаш се собирале мајките и татковците, бабите и дедовцие заедно со своите најмали..

Имаше рингишпил, точаци закачени за возење во круг, долги метални чамци за лулање, стрелиште...се потсетуваат старите скопјани кои со жалење констатираат дека, денес, по половина век, Скопје нема забавен парк.

Поглденете низ следнове видеа како изгледал забавниот парк во Скопје неколку години по земјотресот, во 1977 година и 1980 година;