Ретро совети за брак: Избегнување заводници и фудбалски фанатици

Пред некое време, во музеј во Велс се појавија памфлети од минатиот век со неколку кратки совети за бракот, кои датираат некаде од почетокот на појавата на феминизмот и за кратко време станаа вирални.

Првиот совет е: „Воопшто не се мажете“ и навистина насмеа многумина, а и другите совети на листата се хумористични и интересни.

Еве како изгледал хуморот и советите за брак пред повеќе од еден век:

  • Избегнувајте преубави мажи, задовници, простаци, марионети и фудбалски фанатици
  • Барајте силни, питоми, просветлени мажи кои работат, перат прозори и го средуваат дворот
  • Не очекувајте премногу, мажите воглавно се мрзеливи, себични, лажливци, пијаници, трапави, агресивни, груби, без манири и треба да ги скротите
  • Голем дел од самците се ужасни.
  • Ако сакате да биде среќен – нахранете го ѕверот.
  • Често ризикот не е вреден.

cheap nike air max 90