Ретро галерија: Новогодишните елки на скопскиот плоштад низ годините

Новогодишната еуфорија започнува кога ќе блеснат светилките и елката на плоштад.

Оваа година градот светна на 7-ми декември, кога свечено со хор беше осветлена централната елка на плоштадот Македонија. Скопјани добија и  новогодишната населба со куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма.

Во рамките на „Винтерленд“, секојдневно ќе се организира богата културна програма од 18 до 23 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички.

Топот за вештачки снег и лизгалиштето на мраз се новина во новогодишниот концепт на плоштадот „Македонија“ што од следната недела се очекува да бидат атракција во новогодишната релаксација на посетителите.

Во денешната галерија ќе се потсетиме како беше украсен плоштадот Македонија низ годините што поминаа. 

2002 година

2007 година

2008 година

2009 година

2010 година

2011 година

2012 година

2013 година

2014 година

2015 година

2016 година

2017 година

2018 година