РЕТРО ФОТО: Возевме коли без дозвола и се додворувавме на девојки (фото)

-Тоа беа убави денови возевме коли без дозвола и се додворувавме на девојки, вели Борко.

Скопјани со носталгија се присетуваат на убаво поминатото време во скопскиот Луна парк, возењето со коли и на панорамата.

-Се сеќавам плачев за уште една карта татко ми да ми купи за пак да се возам, правевме “судари“ со другарите.Ќе си ставев вокмен и бев главен фраер, раскажува Илија.