РЕТРО ФОТО: И новите генерации се радуваат на старото скопско вовче

Генерации и генерации скопјани ќе имаат спомени од автодромите, ракетите, вртелешките, вовчето.....кои и по толку години изгледаат исто, некои дури имаат и иста боја. Панорамата е надвор од употреба подолго време, откако беше констатирано дека нејзината основа е кородирана до тој степен што возењето со неа е небезбедно за посетителите. 

Скопскиот Луна парк, по речиси петгодишни напори за сериозна реконструкција, конечно го доби крајниот рок за негово свечено пуштање во употреба. Според најавите на надлежните, сепак за тоа треба да помине малку време, оти новите забавни содржини ќе им бидат достапни на граѓаните во 2018 година, а дотогаш најмладите ќе можат да се забавуваат на неколку забавни реквизити што имаат и по педесетина години. Но како и да е, според предвиденото, реконструкцијата се очекува да се одвива во неколку фази.