Ретро фото: Градскиот парк некогаш

На оваа ретро фотографија може да се забележат, четирите згради пред влезот на Градскиот парк, во непосредна близина на Градскиот стадион. Зад последната зграда е улицата „Ленинова“.

Инаку пред Градскиот стадион имало помошен терен на Вардар, кошаркашко игралиште како и билетарата. Постарите скопјани се сеќаваат дека до последната зграда имало две продавнички (бутки), за лимунада и за семки и кикирики. По земјотресот покрај ова шеталиште на скопјани, се изградија на меаните „Кермес„ и „Опатија“.