Ретро фото: 400.000 скопјани го пречекаа Тито слободно во далечната 1978 година

Ниту еден друг политичар или лидер нема да биде вака пречекан, како другарот Тито во далечната 1978 година! Вака скопјани се потсетуваат на последната посета на Јосип Броз-Тито во Скопје, кога според тогашните извештаи повеќе од 400.000 скопјани го пречекуваат на улиците по кои долго движи колоната автомобили од придружбата на Тито.

Скопјани се сеќаваат на тој октомвриски ден, а еве ги нивните коментари за фотографијата која несомнено буди југоносталгија и копнеж по времето кога се живееше убаво и сплотено.

-Од фотографијата се гледа, немаше место за нации и вери. Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци, Роми...сите беа исти!

-Лидер од светски ранг на кој му се поклонуваа премиери, претседатели, султани, кралеви и цареви...

-Стоковна мост позади. Го видов на булевар Св Климент.

-Копнеам да ја видам снимката, доколку ја има МТВ, кога луѓето ја стопира колоната и го опколија мерцедесот на Тито, за да му искажат љубов и почит.

-Е наш Тито. Тогаш не беа затворени улиците, туку целиот народ го пречека. Денес за политичарите се блокира цел град да поминат. Сега Европа ни продава идеи, а ние одамна го имавме тоа заедништво.

-Е ова беше лидер... а сегашните наши со полиција го чистат народот од улиците кој мирно си поминува....

-Ние на Партизанска го чекавме. Со цвеќиња во раце, собрани од градините на семејните куќи, и едвај чекавме да се појави. Сплотеноста, мирот и љубовта присутна кај сите нас никогаш нема да се врати.

Тито во текот на сите свои посети на Скопје, бил придружуван од првата дама Јованка Броз.