Ресторан „Løve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов престижен ресторан. Ресторанот „Løve“ располага со волшебен ентериер, совршено подготвена храна, сончев покрив кој навечер го претвора ресторанот во магичен простор под ѕвездено небо и капацитет за безбедно организирање на најубавите моменти и најважните забави за Вас. 

Нашата идеја е со овој ресторан да создададеме ново место каде што ќе може да ги поминете сите убави моменти. Од секојдневните дружби со најблиските, деловните состаноци, конференции до свадби, родендени и семејни веселби во поразлична и безбедна атмосфера. Ресторанот нуди смирен амбиент, надвор од градските гужви. Сончевиот покрив кој овозможува уживање под отворено ѕвездено небо го прави амбиентот магичен за време на летните ноќи. А зимските вечери можете да ги поминете покрај нашиот раскошен камин, поставен во центарот на ресторанот кој го доловува вашето целосно „Løve“ искуство.

 

Со глед на строгото придржување кон анти-ковид мерките, чистотата и професионалниот персонал веќе почна закажувањето на првите настани за лето 2021. Ресторанот располага со капацитет за 150 гости и 130 паркинг места. Наскоро сите љубители на врвната гастрономија ќе имаат можност да го посетат ова ново место и да уживаат во она што го нуди. - додаваат од ресторан „Løve“.  Храната е подготвена од врвен тим на готвачи и таа е причина луѓето повторно да се враќаат и да уживаат во прекрасната атмосфера. Специјалитетите се создадени со внимателно одбрани намирници и секако, подготвени со Љубов. 

Преминете во #Løve светот на сезонско инспирирано мени на храна и пијалоци послужени под ѕвездено небо. За незаборавно искуство, како никогаш до сега.