Решение за прекумерно потење и еликсир на младоста - со доктор Стојаноска од ПромоИталиа разговараме за ботоксот и естетските корекции

Ботокс третманот е еден од најпопуларните и се почесто користени процедури во естетската медицина. Се користи за подмладување преку релаксирање на мускулите и измазнувањето на брчките, со што лицето го задржува свежиот, ведар и младешки изглед, а истовремено се превенира создавање на нови неправилности на кожата на лицето и вратот.

Ботоксот се користи и за решавање на проблемот со прекумерно потење, наречен хиперхидроза. За неговите предности разговараме со доктор Весна Стојаноска, дел од тимот на ПромоИталиа.

Овој метод може да биде решение за прекумерното потење под пазувите или пак за влажни дланки, проблем кој е особено изразен во лето. 

- Хиперхидрозата е појава на прекумерно или засилено лачење на потните жлезди на различни делови на телото. Најчесто зафатени зони се дланките, табаните и пазувите, што често знае да води до дискомфорт и видливи козметички непријатности и кај двата пола. Апликација на ботулин токсин тип А е идеално решение за овој проблем. Се постигнува намалување/прекин на лачењето на потните жлезди, а ефектот е видлив за 10 до 14 дена и трае до 6 месеци. Во зависност од интензитетот на потење може да биде потребен повеќе од еден третман, меѓутоа во најголем број случаи доволен е само еден третман, појаснува д-р Весна. 

Како што вели, несакани ефекти нема, а она што може да се очекува е минимална болка при апликација, благо црвенило после апликација и модринки со минлив карактер.

- По дефиниција ботоксот е мускулен релаксант, самото тоа подразбира неможност за создавање на нови брчки и бори воедно и продлабочување на постоечките што на долги стази тоа доведува до помлад, свеж и одморен изглед кај двата пола подеднакво. Затоа го нарекуваме еликсир на младоста, вели докторката.

Ја прашавме д-р Стојаноска а која возраст е соодветно и препорачливо да се почне со ботокс и што всушност нуди овој третман? На колку време е идеално да повторуваат процедурите?

- После 20-тата година тонусот на лицето постепено, но сигурно опаѓа, самото тоа доведува до појава на брчки кои се присутни не само за време на гестикулации туку и во мирување. Па затоа пристапот е индивидуален, што порано после тоа се почне толку резултатите на долгорочен план ќе бидат поуспешни. Третманот треба да се повтори на секои 4-6 месеци или грубо кажано 2 пати годишно. Ризици од третманот нема. Единствено нешто што може да се очекува од третманот е минимално локално црвенило веднаш после апликација, модринки од минлив карактер и благ оток, појаснува таа. 

Процедурите за разубавување се сѐ почести и кај припадниците на посилниот пол. Ова го потврди и нашата соговорничка. 

- Нашите процедури се речиси подеднакво практикувани од двата пола. Особено кога станува збор за ботокс. Жените се тие кои и онака на дневно ниво се грижат за себе и за својот изглед, а на мое големо задоволство се повеќе и повеќе припадници на посилниот пол сакаат да го негуваат својот изглед со нашите процедури, вели д-р Весна. 

Anti Aging Center by Promoitalia е прв од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот. Врвната опрема, техника, и квалитетниот персонал со која располага центарот е вистинска гаранција за успех и задоволни клиенти.