Решение на проблемот со Центарот за зависници во Кисела Вода до крајот на годината

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски на денешната прес-конференција информира дека тоа е еден од најголемите проблемите во општина Кисела Вода и рече дека има решение на кое се работи заедно со Министерството за здравство.

– Во последниот период поради зголемен број инциденти во Центарот има и поголемо пристуство на полициски службеници и поради тоа ќе има средби со надлежните инситуции, рече градоначалникот, додавајќи дека имало рок до септември за решавање на проблемот, а сега дека очекува тоа да се реши до крајот на годината.

Во делот на мерки за загадувањето, што е актуелно во овој период, рече дека општината планира да постави еден мобилен мерач на квалитетот на воздухот за што во моментов се бараат финансиски средства, но доколку не се обезбедат, следната година ќе биде поставен со средства од буџетот на Оптшината.

– Во насока на намалување на загадувањето е и мерката за доделување огревно дрво во вредност од еден милион денари за социјално загрозени жители во општината, како и воспоставување катастар на загадувачи што се планира да заврши кон крајот на мај, а со кој ќе се добие база на податоци на сите деловни субјекти со типот на производство, капацитетот, број на вработени, а за штол ќе бидат достапни податацоите до граѓаните, рече Темелковски, кој додаде дека во моментов во Општината работи само еден инспектор.

На прес-коференцијата на која даде отчет за сработеното во изминатата година како градоначалник на општина Кисела Вода, наведе дека се преземени активности за подобрување на животот на жителите.

Посочи на заложбите за обезбедување подобри услови за најмладите во градинките, основните училишта, санации и асфалтирањена повеќе улици, реконструкција на детски игралишта, водоводна мрежа, чистење депонии….

Наведе дека во последната година се решпени и повеќе предмети за легализација на дивоградба, односно 2414. Појасни дека во општината се доставени 11.884 предмети за легализација, а дека кога го презел мандатот биле решение 5705.

– За една година успеавме да решиме половина од бројот ан барањата за легализација што биле решение во претходните шест години, рече Темелковски.

Одговрајќи на новинарско прашање за проблемот со кучињата скитници рече дека на овој проблем работат заедно со Градот Скопје, а меѓу алтернативите е градење нов стационар, но посочи и на идеја за заедничко решение со општина Аеродром.

Најави повеќе проекти за реализација за наредната година како изградба на атмосферска канализација во Пржино, изградба на две нови градинки, изградба на фекална канализација во Дачево…