„Решавале“ лоши семејни односи со насилство и оружје

На 02.12.2021 околу 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, поради нерасчистени семејни проблеми, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(39) и А.Ф.(28), двајцата од с.Арачиново, скопско.

Притоа, кај С.А. биле пронајдени и одземени пиштол „застава ТТ М57“ калибар 7.62мм, рамка со девет куршуми калибар 7.62мм, седум куршуми калибар 7.62мм и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат поднесоци.