„Република Македонија“ заминува во историјата

„Република Македонија“ заминува во историјата, новото име на нашата држава е „Република Северна Македонија“.

Уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа поминаа и во третата финална фаза вечерва во Собранието на Република Македонија, откако претходно седницата три дена беше закажувана, додека премиерот Зоран Заев преговараше со Беса на Биљал Касами, околу нивните барања во врска со измените.

Пратениците со двотретинско мнозинство вечерва во рамки на 75. седница ги донесоа амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, а потоа и ги прогласија. Усвоен и прогласен и Уставниот закон за спробведување на амандманите.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.