Репрезентативецот Магдевски се врати во МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски (26) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша двегодишен договор со актуелниот шампион.

Магдевски се враќа во тимот од Аеродром по едногодишниот настап во романското првенство, а претходно три сезони го носеше дресот на МЗТ Скопје, со кој освои две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ.