
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски денеска информираше дека уредувањето и ревитализацијата на детските катчиња низ Општина Карпош продолжува.
Тој посочи дека на детското игралиште „Млечен“ завршило реновирањето на урбаните реквизити, со замена на седиштата на лулашките и клацкалките.
Во рамки на петтата фаза од реконструкцијата, Лукровски во наредниот период најави дека ќе бидат опфатени и детските игралишта:
Градоначалникот додаде дека на игралиштето во Карпош 4 ќе биде поставен и нов елемент со две лулашки со метална конструкција, а ќе се изврши и репарирање на постоечкиот реквизит – скалата.
„Создаваме побезбедни, поуредни и повесели места за игра и дружење на најмладите“, порача Лукровски.