Реновирани повеќе простории во градинката ,,11 Октомври” во Бутел

Деновиве, во матичниот објект на ЈУ детска градинка ,,11 Октомври заврши реновирањето на повеќе простории.

Беше реализирано, 450 м2 – Репарирање (стругање и лакирање) на паркетот и 68 м2 ходници со нов ламинат, во вредност од 430 000 ден.110 прозори и 14 влезни дупли врати кои чинат 1 500 000 ден.

Набавана е најсовремена дидактичка опрема за деца со пречки во развојот, најразлични детски играчки и 5 мали и 2 големи трамболини, во вредност од 435 000 ден.

За издвојување е фактот дека оваа градинка е прва во Скопје која има смарт табла.

По овој повод градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека грижата за најмладите продолжува и додаде, дека во континуитет ќе се работи за подобрување на севкупните услови за дечињата во сите 6 градинки на територијата на Општина Бутел.

Вкупната сума за оваа реконструкција на градинката изнесува повеќе од 2 000 000 ден. која е обезбедена од буџетот на Општина Бутел.

cheap nike air max 90