Кои се артистите кои годинава ќе бидат дел од „Liveurope“ фестивалот кој ќе се одржува во Младинскиот центар во Скопје?
Имено, од МКЦ најавуваат настапи на „Деva“, „YMNK“ и „Pantaloons“.
-Деva или Dorina Takács е комплетен DIY проект на 21 годишната авторка од Будимпешта. Таа ги пишува и продуцира и пее своите траки, но и ги прави своите дизајни. Нејзината музика е совршена комбинација на атмосферски звуци, пулсирачки басови и полифонични мантри инспирирани од унгарски фолк песни.
YMNK e етаблиран артист и DIY сајзер ентузијаст од Франција. Сака да експериментира, открива, истражува и поигрува со звуци. И тоа се гледа во неговиот музички израз: придружен со електрична гитара. Негде меѓу психоделичниот хаус на Caribou и хедонистичкиот хаос на Dan Deacon зачинети до 8 битни звуци, амбиент па дури и math-rock.
Pantaloons е трио составено од три "несмасни момци", барем како што тие тврдат. Luka Belič (саксофон), Aljaž Markežič (туба) и David Nik Lipovac (тапани) прв пат се појавуваат како дел од Chilli Brass Band во 2016. Нивната музика е составена од уникатен стил на електронска денс музика со примеси на џез, фанк, брејкбит, дабстеп и се! - информираат од МКЦ.