Ременски, Боки13 и Орце ги знае само од телевизија

Заврши распитот на пратеничката Фросина Ременски. Таа повеќе од два часа даваче исказ за случајот „Рекет“ во одделението за организиран криминал и висока корупција кај обвинителката Вилма Рускоска. За новинарите кажа дека не ги познава обвинетите од „Рекет“.

-Со индигнации ги отфрлам и демантирам информациите кои ги пласирате дека сум соработувала со обвинетите. Со Орце Камчев, Зоки Кичеец, Бојан Јовановски и Каица Јанева не сум никако поврзана. Најодговорно ги демантирам сите прашања- вели Ременски до новинарите. Таа иако била почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки таа тврди дека немала увод во ништо.