
Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар.
„На овој премин, во периодот јануари – јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Гледано одделно влез/излез оствариле вкупно 189.896 македонски државјани, за разлика од минатата година кога биле регистрирани 142.660, односно 70.518, претходната година.
Вкупноот број на странски државјани бил 588.806 наспроти 432.077 минатата, односно 281.780 патници претходната година.
Граничниот премин „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од градот, е отворен 1993 година, но поради лошата патна инфраструктура на албанска страна протокот беше мал.