На 19 октомври во Скопје ќе се одржи Business Run 2019, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.
До сега, пријавени се рекорден број од 90 тимови.
Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.
Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком.
Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата http://www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.
За сите учесници на трката, претходно се организира нетворкинг забава за запознавање и дружење, која иницирана од трчањето може да донесе нови деловни релации за бизнис заедницата во нашата земја.
Најбрзите три тимови на Business Run 2019 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.
Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.
Стартот е закажан во сабота во 11 часот, на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот Парк.
Организатор на Business Run 2019 e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.