Рекорден број на учесници ќе трчаат во недела на Skopje Run 10K

Минатата година започна едно ново поглавје во приказната за спорт и рекреација. Skopje Run 10K претставуваше уште една алка која ќе го поттикнува здравиот начин на живеење, но оваа година се надгради со #СекојКилометарЗначи.

Со тоа го овозможи купувањето на хуманитарни километри за СОС Детско село. Над 800 учесници се пријавија првата година и нивниот број за 2018-та веќе е дуплиран. Тоа се должи на одличните организациски способности на Сојуз на спортови на Град Скопје, ко-организаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи. Воедно, тоа ќе беше невозможно без генералниот покровител Агенција за млади и спорт и покровителот Град Скопје.

Skopje Run 10K ќе се одржи во недела, 7-ми октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје. Стартот е до фонтаната Лотос во 09.00 часот и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри. Воедно, стартните пакети учесниците ќе може да ги подигнат од 12.00 до 18.00 часот во кугланата на СРЦ Борис Трајковски на 5-ти и 6-ти октомври (петок и сабота).

Пријавувањето за трчање Skopje Run 10K е затворено. Сепак, за сите кои сакаат да бидат дел од оваа приказна може преку#СекојКилометарЗначи да купат хуманитарни километри на smartrace.club. Секој километар е 100 денари, а тие кои ќе земат 4 километри или повеќе ќе добијат подарок маица Парго од линијата на Катарина Ивановска.