Рекорден број на починати од ковид-19 во Русија

Во Русија, бројот на новозаразени со вирусот е зголемен за 65.109 во изминатите 24 часа, објави Рускиот кризен центар за борба против Ковид-19.

Вкупно 5.970 хоспитализации се пријавени поради коронавирус во последните 24 часа, што е пад од 3,9 отсто во однос на претходниот ден, јавува руската агенција ТАСС.

Во исто време, регистрирани се 655 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од Ковид во Русија се искачи на 326.767 од почетокот на пандемијата.

Вчера беа потврдени дури 679 смртни случаи.

Уште 21.714 лица закрепнале од Ковид во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на закрепнати се искачи на 10.045.336.