Реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“ е предвидено да заврши во ноември оваа година

Реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“ е предвидено да заврши во ноември оваа година, а за истата, како што информираат од Град Скопје, градот ќе потроши 5,9 милиони денари со вклучен ДДВ.

„Оваа сообраќајница секојдневно ја користат огромен број жители и истите заслужуваат безбедни улици без дупки каде што движењето ќе се одвива непречено и брзо во согласност со законски пропишаната брзина. Продолжуваме со редовната реконструкција на сите оштетени улици со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град“, посочи Шилегов за време на неговата посета.

Градот Скопје во наредните денови, како што информираат оттаму ќе започне  и реконструкција  на булеварот „Партизански одреди“, од мостот „Обединети нации“ до Ѓорче Петров и изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, а ќе продолжи и изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Исто така, додаваат од Град Скопје ќе продолжи и изградбата на улиците „Брадфордска“ и „Лондонска“ во Карпош, како и улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода.