Реконструкцијата на „Љубљанска“ е во завршна фаза

За само 10 дена, со интензивна работа, реконструкцијата на улицата „Љубљанска“ е во завршна фаза и се вршат финалните подготовки за асфалтирање на улицата кај „Сити Мол“.

Реконструкцијата на оваа улица ја најави градоначалникот Шилегов на 5 јуни, којшто потенцираше дека услов во договорите со градежните фирми е да се работи по 16 часа на ден за да може побрзо да се завршат работите.

За потсетување, во моментов во тек е и реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, којашто исто така се планира да заврши во рекордно време.