Реконструкцијата на булеварот Февруарски поход во завршна фаза

Екипите на Град Скопје вчера почнаа со финално асфалтирање на булеварот Февруарски поход во општина Аеродром. На терен градежните работи се изведуваат со засилено темпо, а се работи и во вечерните часови.
По завршувањето на асфалтирањето ќе биде поставена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.