Реконструкција на уште еден дел од улицата „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 1

Денеска се асфалтираше уште еден дел во должина од 100 метри од улицата „Бранислав Нушиќ“, во урбаната заедница Карпош 1, на потегот од ул. „Никола Тесла“ до ул. „Иван Аговски“. 

Општина Карпош продолжува со секојдневното подобрување на инфраструктурата. 

Во изминатиот период, во Карпош 1 се обновија и улиците: „Даскал Камче“ и дел од „Гиго Михајловски“, а се санирани и повеќе ударни дупки.

Овие инфраструктурни активности на Општината се дел од буџетските програми за тековната 2019 година, а имаат за цел да ја зголемат безбедноста и да ја подобрат состојбата на сервисните улици.