Реконструкција на улица во Камник

Општина Гази Баба започнува со градежните активности за реконструкција и изградба на нови улици во општината.

Oд општината информираат дека градоначалникот Борис Георгиевски посетил повеќе локации, каде се во тек активностите.

„Во н.м. Камник се прави реконструкција на улицата од бул. „Александар Македонски“ до влезот на стрелиште Камник, со должина од 516 метри и широчина од 5 метри. Градежните активности ги изведува фирмата „Бауер БГ“, соопшти прес-службата на Општина Гази Баба.

Во следниот период предвидна е изградба на тротоар од страната на станбените згради.